Економија, финансии, бизнис

Контакт

Самарас: Скопје да се откаже од иредентизмот и да најде име за сите употреби

Самарас: Скопје да се откаже од иредентизмот и да најде име за сите употреби
Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека ако сака да влезе во Европа, ќе му помогнеме на Скопје, но тие да се откажат од иредентизам и да се согласат на едно име за сите употреби, кое нема да задира во грчкиот карактер на грчка Македонија. Во својот говорот на деветтиот конгрес на Нова демократија, тој побара како што рече, проблемите во соседните земји да не се кријат под тепих туку да се решат и земјите да се обединат. „Сакаме да живееме мирно со нашите соседи. За да ја имаме улогата на стабилизатор во регионот, зад нас сакаме да имаме стабилно и демократско соседство“, истакна Самарас кој додаде дека во таков регион нема место за иредентизам. По завршувањето на делот посветен на Македонија, според објавата на дописникот за Канал 5 од Атина, на Самарас му се слошило и не го продолжил говорот.По пауза од 10 минути, Самарас продолжил со своето обраќање пред Конгресот, а како што пренесоа грчките медиуми, премиерот изминатата седмица го мачел стомачен вирус.
Слично

Поврзани вести