Самарас синоќа со Обама, денеска со Бан Ки Мун, ќе се разговара ли за името?
Грчкиот премиер Самарас денес во Њујорк ќе разговара со генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун, при што се претпоставува дека кипарското прашање и спорот со името, ќе бидат дел од дебатата.
Вчера, како што јави „Глас на Америка“ американскиот претседател Барак Обама и грчкиот премиер Андонис Самарас по средбата во Белата куќа дадоа изјави без да одговорат на новинарски прашања, истакнувајќи ја соработката меѓу двете земји и стратегијата за надминување на грчкиот проблем со задолженоста.
Ниту Обама, Ниту Самарас не споменаа дека се разговарало за прашањето за името.
Спроти средбите на Самарас, синоќа со претседателот Обама и денеска со Бан ки МУН, првиот американски амбасадор во Скопје и некогашен висок дипломат во Стејт Департментот, Кристофер Хил во разговор за државната агенција МИА вели дека САД до некаде го загубиле интересот за спорот. И, затоа е потребно Македонија да ги удвои дипломатските напори кон Вашингтон и Брисел.
- Доколку сум во право, мислам дека е важно Македонија повторно да испрати сигнал до САД дека е подготвена да се обиде да се разреши ова прашање. Да се покаже дека постои флексибилност. Сфаќам дека е многу тешко, бидејќи зборуваме да се смени или да не се смени името, но Македонците мора да пренесат дека тие се разумните, изјавил тој за МИА.
Хил, сугерира, наместо јавни повеќе да се практикуваат приватни разговори со Грците, чија содржина нема да се обелоденува, како чекор напред кон решение на спорот.
Слично
