Економија, финансии, бизнис

Контакт

Самарас не се сретна со „тројката“

Самарас не се сретна со „тројката“
Грчкиот премиер Андонис Самарас вчера не ја одржа средбата со претставниците на меѓународните кредитори на Грција, познати како „тројка“, поради што истата треба да се случи вечерва.

Иако извори од Кабинетот на Самарас соопштија дека средбата е одложена поради „технички причини“, а не поради пречки во преговорите, познавачите на состојбите коментираат дека се работи за недоверба на „тројката“ во ветувањата на грчката Влада.

На состанокот кој треба да се одржи вечерва, ќе биде направен обид да се постигне консензус за повеќе структурни реформи, вклучувајќи ја и долго одложуваната рационализација на државната администрација, кои се предуслов за отпуштање на следната рата од заемот за спас на Грција во вредност од 2,8 милијарди евра.

Самарас и министерот за финансии Јанис Стурнарас утре во Брисел ќе учествуваат на самит на ЕУ.

Слично

Поврзани вести