Самарас: Кипар и Грција ќе имаат брзо враќање на просперитетот и развојот
Просперитетот и развојот брзо ќе се вратат на Кипар и во Грција, изјави денеска грчкиот премиер Андонис Самарас.
- Грција го поддржува Кипар во искушението. Грција преживува тешко искушение веќе три години, истакна Самарас.
Според него, народот во двете земји многупати покажал способност да ги издржи проблемите и да чекори напред.
- Доволно е да не губиме верба во себе и да останаме на нозе. Од кризата ќе излеземе посилни и поединствени, нагласи грчкиот премиер.
Слично
