Економија, финансии, бизнис

Контакт

Самарас и Бан Ки Мун во јуни ќе разговараат за прашањето за името

Самарас и Бан Ки Мун во јуни ќе разговараат за прашањето за името

Грчкиот премиер Андонис Самарас на почетокот на јуни во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун со кого ќе разговара за прашањето за името.

Самарас од 2 до 4 јуни во Вашингтон ќе учествува на глобалниот форум на Американскиот еврејски комитет, а високи извори за „Катимерини“ откриваат дека официјална Атина се обидува да закаже и средба со aмериканскиот претседател Барак Обама, кој неколку недели пред тоа, на 16 мај во Белата куќа ќе се сретне со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

На 5 и 6 јуни во Њујорк ќе се одржи конгрес на Американско-грчката комора со цел да се привлечат странски инвестиции во Грција, што во моментов е приоритет на грчката Влада.

Слично

Поврзани вести