Економија, финансии, бизнис

Контакт

Самарас го користи спорот за името за да добие поддршка на гласањето за претседател

Самарас го користи спорот за името за да добие поддршка на гласањето за претседател
Спорот за името меѓу Грција и Македонија е една од главните теми во пресметките помеѓу грчкиот премиер Андонис Самарас и левичарската опозициска партија Сириза во предизборната пресметка во земјата. „Оние кои лобираа за „заштита на нашите национални прашања“ и за „безбедноста на граѓаните“ како може денес да се на иста страна со партиите кои ја поддржуваат пропагандата на Скопје, дозволуваат слободен влез на илегалните имигранти во Грција и во секоја прилика ги поддржуваат активностите на вандалите?“, се вели во колумната на Самарас за неделникот „Риал њуз“, во која тој индиректно ги повикува десничарските пратеници да не ја поддржат партијата која според него би дозволила нашата држава да го користи името Македонија. Самарас упатува повик и до левичарската Демократска левица прашувајќи ги како е можно до пред една година да биле дел од владината коалиција, а сега да се на страна на партија со анти-европски ставови. Според експертите ваквиот настап на Самарас е обид да се присвои по некој глас од десничарските пратеници од Независни Грци, кои се решени да не гласаат за владиниот претседателски кандидат Ставрос Димас. Лидерот на грчката левичарска опозициска партија Сириза, Алексис Ципрас, пак,  го обвини премиерот Андонис Самарас дека влева страв во земјата за да добие поддршка за гласањето за претседател, на кое кандидатот на владината коалиција треба да победи за да се избегнат предвремени парламентарни избори. „Одбројувањето за владејачката коалиција и нејзината катастрофална политика веќе започна“, изјави Ципрас, а за Самарас рече дека е „премиер на хаосот“.
Слично

Поврзани вести