Самак: Странските инвеститори најдоа плодна почва во Кочани
Инвестиција вредна шест милио ни евра преку која се очекува вработување на 300 лица во општина Кочани реализира холандската компанија „Антура“ која гради репроцентар за цвеќе на во градот. Покрај холандската компанија, инвестиција во Кочани најави и американската компанија „Анфенол“ која ќе произведува електотехника и електроника за извоз во погоните на Атом.
- Странските инвестиции најдоа плодна почва во Кочани, вели министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак, кој денеска беше во посета на Кочани.
Министерот без ресор се сретна и со градоначалникот Ратко Димитровски кој го информирал дека општината е подготевна да ги стави во функција старите објекти на фабриките во стечај, но и да ја прошири индустриската зона за нови ивестиции.
Димитровски оценува дека инвестицијата на „Антура“ е резултат на презентацијата на потенцијалите на општината која се одржа на 9 мај 2011 година во стопанската комора на Утрехт Холандија, во организација на Македонската амбасада и Општина Кочани.
- Ќе создадеме услови за искористување на индустриската зона кај фабриката за хартија за привлекување странски инвестиции и нови вработувања. Погонот на холандската компанија Антура ќе биде готов до средината на оваа година, првите вработени на обука ќе заминат во средината на јуни, а репроцентарот со пробна работа ќе запоне кон крајот на годината, посочи Димитровски.
Слично
