Сакате венчавка надвор од матично? Ќе мора да платите поскапо!
Надоместокот за склучување брак надвор од службените простории на матичните служби се зголемува, информира Управата за водење матични книги.
Така, надоместокот кој се плаќаше 3.000,00 денари сега изнесува 3102,00 денари, надоместокот за кој се наплатуваше 3.300,00 денари сега изнесува 3.402,00 денари, додека надоместокот кој изнесуваше 6.600.00 денари сега изнесува 6.804.00 денари.
Одлуката за корекција на цените се носи согласно член 3 од Правилникот за начинот и висината на трошоците за склучување на брак надвор од службените простории, а по официјално објавените податоци од Државниот завод за статистика на Република Македонија.
Слично
