Сакате поинаков дочек на новата година!?
Украински агенции за организирање на забави нудат пречек на Новата 2015-та година во резиденцијата на поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович. Кандидатите кои сакаат да ја пречекаат новата година во луксузната "Межгорие" ќе треба да платат 10 илјади долари.
Според украинските експерти во моментов има побарувачка во оваа гранка на пазарот. Многумина богаташи би сакале да направат слични прослави или да слават празник токму во резиденции на поранешните украински лидери. Од агенциите за слични прослави дури нудат со задоволство слични понуди на кандидатите, а ветуваат да им угодат максимално на кандидатите.
Новата година може да биде пречекана и на местото за слетување на хеликоптери, кое исто така се наоѓа на територијата на резиденцијата на Јанукович. Но цената за тоа задоволство ќе биде не помалку од 20 илјади долари. Во услугата е предвидено и самиот Дедо Мраз да слета со хеликоптер.
За жал, сепак, нема да биде можно луѓето да го прослават доаѓањето на 2015-а во резиденцијата на поранешниот главен обвинител Виктор Пшонка. Причината е што куќата е чувана од властите. Во замена за тоа агенциите нудат пречек на новата година на брегот на езерото, во близина на куќата на Пшонка. За кандидатите за ова место има затворена скара и седенка пред камин.
K.K.
Слично


