Сакате подолг престој во ЕУ? Мора да оставите отпечаток од прст!
Македонските граѓани кои ќе бараат престој во некоја од земјите-членки на Европската унија подолг од 90 дена од утре, освен редовните формулари, ќе треба да остават и биометриски податоци - отпечатоци од прстите.
Оние граѓани кои веќе престојуваат во земјите на ЕУ со виза за подолг престој, како студенти, вработени и слично, нема потреба да се враќаат за да ги задоволат овие барања по стапувањето на оваа регулатива на сила. Но, при обновувањето на визата и тие ќе треба да остават отпечатоци.
Освен за граѓаните на Република Македонија од четврток оваа регулатива ќе се применува на Турција , Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.
Со ваквите правила веќе се опфатени земјите од Северна Африка, Блискиот Исток, Персискиот Залив, Западна и Централна Африка, Јужна и Централна Америка, Централна и Источна Азија, Карибите и Австралија.
Од ЕУ велат дека ова е дел од модерниот визен информативен систем со кој се подобрува безбедноста на граѓаните и борбата против прекуграничниот криминал, а граѓаните се заштитуваат од крадци на идентитети и фалсификување на патните исправи
Слично
