Сакате да студирате во странство? Еве како да најдете стипендии и по 1 000 евра месечно
Доколку планирате да запишете постипломски студии, можеби треба да размислите за скандинавските земји.
Шведскиот институт, годинава доделува стипендии на студенти од балканските земји.
Стипендијата ги покрива сите трошоци за живеење и целокупната школарина на универзитетот, на кој студентот ќе биде примен, во период од најмногу 2 години.
Школарината директно ја плаќа Шведскиот институт на универзитетот на кој студентот е запишан, додека стипендијата му се исплатува на студентот, а изнесува околу 1.000 евра месечно. Освен тоа, платени се и сите патни трошоци за студентите во висина од 540 евра.
Шведска има 42 јавни високообразовни институции и нудат лповеќе од 500 магистерски студии во повеќе научни области на англиски јазик.
Можете да аплицирате за стипендија на овој линк, а крајниот рок на пријавување на кандидатите за постдипломски е 15 јануари 2016 година.
