Сакате да се откажете од пушење? Од денеска започнуваат со работа бесплатни советувалишта
Во сите центри за јавно здравје низ Македонија од денеска започнуваат да функиционираат бесплатни советувалишта за откажување од пушење. Во нив ќе се одржуваат едукативни предавања за штетноста на пушењето, а е предвидено на пријавените да им помагаат и психолози.
Програмата првенствено е наменета за лекарите и здравствените работници кои се пушачи, но подоцна ќе биде отворена и за сите граѓани, најави министерот за здравство Никола Тодоров.
„До средината на август, советувалиштата ќе бидат достапни за лекарите. Од 20 август советувалиштата ќе бидат достапни и за сите заинтересирани граѓани кои ќе се обратат во Центрите за јавно здравје, а воедно ќе бидат воведени и посебни термини наменети за советување за откажување од пушење кај адолесцентите“, изјави вчера Тодоров.
Во советувалиштата е предвидено да се врши групна, но и индивидуална едукација.
Слично
