Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сакате да работите во европските метрополи? Еве колку е просечна кирија за нов стан

Сакате да работите во европските метрополи? Еве колку е просечна кирија за нов стан

Швајцарската банка УБС ја истражуваше цената на просечната кирија во новоизградениот стан во европските метрополи.

Париз, покрај познатите знаменитости, богат културен живот и одлична кујна, ја има другата страна - манична градска толпа во центарот, кафе од шест евра и најголема од киријата од сите европски главни градови - 2.535 евра месечно за живеење во новоградба.

Лондон е втор со кирија од 2.263 евра, а Луксембург со 2.203 евра.

Виена е најевтина со 1.105 евра, потоа следува Мадрид и Рим со 1.112 евра закуп, Нешто поскапи се Брисел со 1.369 и Москва со 1.380. На ниво погоре се Стокхолм со 1.480, Амстердам со 1.531, Копенхаген со 1.658 месечно во просек.

Доста поскапи се Осло, Хелсинки и Цирих со 1.800, 1.821 евра и 1..866 евра. Неочекувано поскап е Даблин со 2.059 евра за престој.


Слично

Поврзани вести