Економија, финансии, бизнис

Контакт

САКАТЕ ДА БИДЕТЕ САМ СВОЈ ГАЗДА: За овие бизниси не ви требаат многу пари

САКАТЕ ДА БИДЕТЕ САМ СВОЈ ГАЗДА: За овие бизниси не ви требаат многу пари

За салон за убавина за почеток ќе ви требаат 1000 евра, плус пари за простор, за обработка на дрво или метал од 4.000 до 5.000 евра, а за одржување на софтвер од 5.000 до 8.000 евра. 

Можете да почнете бизнис со печатење, со онлајн трговија, и за оваа работа во старт нема да ви требаат многу пари. 

Основачот на сајтот Каматица, Душан Узелац вели дека во Србија има бизниси кои можат да се почнат и со 500 евра. 

„Тоа може да биде сајт од типот купи - продај или нешто друго. За почеток потребни ви се 500 евра некој да ви направи онлајн трговија, а понатаму за развој ќе ви бидат потребни уште неколку стотини евра. Сумата во секој случај не е висока“ - вели тој. 

Како предлог го наведува и правењето на ПВЦ прозорци. 

„Тоа е многу популарно во светот и прашање на време е кога ќе почне и кај нас да се заменуваат прозорците“ - додваа Узелац. 

Според него, освен парите важно е да се има знаење и добра идеја. 

Слично

Поврзани вести