САКАЛЕ ИЛИ НЕ ГЕРМАНИЈА ГИ ДЕПОРТИРА: Илјадници бегалци се враќаат на Балканот!
Германија ќе врати на Балканот илјади бегалци со одбиени барања за добивање азил ", предупреди германскиот министер за надворешни работи, Томас де Мезиер, откако Берлин ја заостри својата позиција кон економските имигранти на позадината на рекордниот прилив.
Според зборовите на министерот во наредните недели бројот на вратени бегалци и депортациите ќе порасне значително.
"Федералната служба за миграција и бегалци е задолжена да разгледа многу барања за азил пред Божиќ", рече министерот, додавајќи дека "десетици илјади" отфрлени кандидатури ќе мора да ја напуштат Германија.
Де Мезиер додаде дека во наредните денови ќе патува до Албанија. Германските власти досега протераа 11 000 лица, а други 27 000 доброволно ја напуштиле земјата со финансиска помош, рече министерот.
Германија очекува да пречека еден милион лица кои бараат азил оваа година. Многу од оние кои пристигнале до моментот се од воено разурнатите земји како Сирија и Ирак, но значителен број доаѓаат од безконфликтни земји на Балканот. Овој месец Берлин ги додаде Албанија, Косово и Црна Гора кон "листата со сигурни земји", што ги лишува од правото на азил.
Според официјалните податоци Германија добила 577 307 молби за пребарување на азил од јануари до септември. Од нив 66 311 биле од албански државјани, а други 32 258 се на Косовци.
