Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сакал да му се одмазди на чуварот, ама по грешка го искршил министерскиот автомобил

Сакал да му се одмазди на чуварот, ама по грешка го искршил министерскиот автомобил
Полицијата во Бања Лука пронајде кој го уништил автомобилот на министерката за градежништво на Република Српска, Сребренка Голиќ. Денеска го уапси Мирко Ковачевиќ под обвинение дека тој го искршил автомобилот на министерката минатата недела, но по грешка. Имено Ковачевиќ го признал, но посочил дека нема ништо против Голиќ туку само сакал да му се одмазди на еден чувар во затворот од кој неодмна излегол, а кој имал ист автомобил како министерката, пренесе ИТАР ТААС и пишува дека не само што двата „Пасати“ биле со иста боја, исти им биле и последните две цифри на регистраските таблички.
Ковачевич сега се товари дека со метален лост ги искршил стаклата и ја оштетил шасијата на Фолксвагенот на Голиќ .
 
Слично

Поврзани вести