Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сакал да избега од сопругата со 40.000 евра, ама не стигнал далеку

Сакал да избега од сопругата со 40.000 евра, ама не стигнал далеку
Жител на штипското село Крупиште бил примен во штипската болница со 40.000 евра во тегла. Ја зел во теглата целата домашна заштеда од одгледувањето на овци и ориз и сакал да ја напушти сопругата. Но, не стигнал далеку - направил сообраќајна несреќа на патот кон Штип и завршил на Клиничката болница, објави ТВ Стар. Лекарите во болницата се зачудиле кога примиле пациент со тегла полна пари, која не сакал да ја остави за цело време додека му вршеле медицински испитувања, па дури и кога му правеле рентгент снимки. Тој признал дека со паритештедени со години сакал засекогаш да ја напушти сопругата и домот во Крупиште. http://www.youtube.com/watch?v=mW0g72L-w9I  
Слично

Поврзани вести