Економија, финансии, бизнис

Контакт

САКАЛ ДА ГО НАСЛОНИ СЕДИШТЕТО И ВОЗАЧОТ МУ ПОМОГНАЛ-ДАЛИ ЕДЕН ОД ПАТНИЦИТЕ Е ВИНОВЕН ЗА НЕСРЕЌАТА? Бугарските медиуми со нови детали

САКАЛ ДА ГО НАСЛОНИ СЕДИШТЕТО И ВОЗАЧОТ МУ ПОМОГНАЛ-ДАЛИ ЕДЕН ОД ПАТНИЦИТЕ Е ВИНОВЕН ЗА НЕСРЕЌАТА? Бугарските медиуми со нови детали

Причината за несреќата на автобусот со српски деца во Бугарија се уште не е позната, но според локалните медиуми, вниманието на возачот го одвлечело тоа што сакал да му помогне на еден од патниците кој сакал да го тргне наслонот на седиштето. Возачот, наводно, ненадејно го свртел воланот надесно и излетал од патот.

Подоцна, еден од патниците во автобусот за bTV изјави дека во автобусот патувале 36 деца и 13 возрасни. На десет километри пред местото на несреќата, возачот застанал на бензинска пумпа за да се одмори.

Инаку, коловозот бил влажен бидејќи непосредно пред несреќата врнел силен дожд во областа, а сообраќајот се одвива многу бавно бидејќи е дозволена само брзата лента.

Формирана е колона од речиси 5 километри, за да можат да поминат екипите на итната помош.

Порталот bg-voice јавува дека се хоспитализирани 17 патници, од кои најмладиот има шест години, пренесува бугарскиот Јуронујз. Децата патуваа од Несебар и се членови на фолклорниот ансамбл ЈУ-ЛИРА од Србија. Мнозинството се од Батајница, наведува бугарскиот портал и додава дека сите патници се државјани на Србија.

На местото на настанот пристигнале две возила на брза помош, пожарна и неколку полициски возила.

Несреќата се случила на 216 километри од Софија, во близина на Стара Загора.


Слично

Поврзани вести