Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сајтовите на судовите не функцинираат

Сајтовите на судовите не функцинираат

Од денес попладне веб сајтот на Основниот суд 1 не работи.

Причините за нефункционирањето не се познати а сето ова се случува после денешната прес конференција на опозицијата во која Заев објави аудио разговори во кои акцентот го стави на Правосудниот ситем во Македонија и како што тврди лидерот на СДСМ диригирања на изборите на судии и обвинители и како се нарачуваат пресуди.

Коментарите кои се движат низ јавноста се дека сајтовите намерно се ставени надвор од употреба поради љубопитните корисници кои би можеле да ги спојат фактите - слушнатите информации од аудио разговорите емитувани денеска и документите на овој веб сајт.

На страницата на Основниот суд 1  беа достапни информациите за судиите кои работат во оваа институција.

Се додека надлежните не излезат со официјално соопштение зошто не се во функција сајтовите кои меѓу другото служат за нивна поголема транспарентност пред граѓаните, дотогаш останува да негодуваме.

Слично

Поврзани вести