Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сајбер криминалот е сериозна пречка

Сајбер криминалот е сериозна пречка
Над 80 проценти од светските лидери во областа на безбедноста веруваат дека надворешните закани се зголемуваат. 60% пак посочуваат дека компаниите поднесуваат повеќе загуби од сајбер напади, покажува новото истражување нa IBM. Истражувањето, наречено IBM Chief Information Security Officer, открива дека мобилните услуги и собирање на податоци се меѓу најважните компоненти за справување со проблемите на безбедноста. Студијата има за цел да утврди како организациите се бранат против сајбер нападите во моментов. Таа е базирано на вкупно 138 детални интервјуа со високи менаџери за информатичка безбедност на различни компании. 40% од испитаниците рекле дека надворешните закани се најголемиот предизвик со кој мора да се справат. 15 отсто пак тврдат дека тоа се регулациите од страна на владите. 70 проценти од лидерите во информациската безбедност веруваат дека нивните компании поседуваат добро развиени технологии, фокусирани на превенција на упади во системите, во откривањето на малициозен софтвер и скенирање на слаби места во мрежите покажува истражувањето. Податоците од него покажуваат дека половина од испитаниците ја одредуваат примената на нова заштитна технологија како главен фокус на нивната организација. Областите кои исто така имаат потреба од подобрување според менаџерите, се да се спречи истекување на податоци, заштитата на Cloud системи и мобилни уреди. И иако срамот за Cloud безбедноста е голем, речиси 90% од испитаниците тврдат дека планирале или веќе планираат да интегрираат такви иницијативи. 75 проценти од специјалистите очекуваат буџетите за овој вид безбедност да се зголемат во следните три до пет години. Според 70% од лидерите на безбедносни системи кои ги анализираат резултатите и даваат сигнали во реално време, стануваат се повеќе важни за компаниите. Едвај 45% од испитаниците велат дека имаат ефективен пристап за управување на мобилните уреди. Резултатите од истражувањето сепак покажуваат дека е потребно подобрување на безбедноста во областа на мобилната технологија. K.K.
Слично

Поврзани вести