Економија, финансии, бизнис

Контакт

САХАРА ГРУП ПОД ИСТРАГА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ: Не завршуваат проблемите на Субрата!

САХАРА ГРУП ПОД ИСТРАГА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ: Не завршуваат проблемите на Субрата!
Дирекцијата за спроведување (ЕД) регистрира случај на перење пари против Сахара груп, во врска со неплаќање на парите на штедачите, случај што го отвори регулаторот на пазарите на капитал во Индија Sebi, јавија индиските медиуми. Случајот е регистриран од страна на зонската канцеларија во Мумбаи, откако во оваа канцеларија стасаа извештаите од Комисијата за хартии од вредност на индија (Sebi), изјавија официјални извори. „Случај под закрила на Законот за спречување на перење пари е регистриран против Сахара група. Истражувањата се во тек", изјавиле изворите од ЕД.. Канцеларијата испрати порака до Сахара груп во обид да поттикнат одговор од нив но тоа досега не вроди плод. Водачот на Сахара Субрата Рој беше затворен во март, во услови на долготрајниот спор на неговата група со Sebi, по прашањето за обештетување на инвеститорите измамени од Сахара. Сахара груп, остана на ставот дека исплатила над 93 отсто од инвеститорите директно. Дирекцијата за спроведување сега истражува дали овие средства беа испрани.
Слично

Поврзани вести