САХАРА ГРУП: Не се откажуваме од плановите во Македонија!
Од претставништвото на индиската компанија во земјава „Сахара груп“, негираат дека е раскинат договорот, но потврдуваат дека банкарската гаранција е активирана. Од компанијата за Фактор, велат дека не се откажуваат од инвестициите во Македонија.
„Сите се свесни дека групацијата има проблеми во Индија, кои очекуваме наскоро да се решат и се надеваме дека ќе најдеме начин да го решиме и ова прашање во Македонија. Посветеноста на „Сахара груп“ за бизнисите во Македонија останува и немаме намера да се повлечеме од Македонија, каде имаме јасен бизнис план“, велат од претставништвото на „Сахара груп“ во Македонија.Вкупната инвестиција во млечниот бизнис во земјава на Индиецот Рој требаше да достигне 1,6 милијарди евра. Во мај годинава требаше да биде првата жетва, а веднаш потоа да започне набавката на кравите, вкупно 20.000. Инвестицијата се најавуваше како најголема во последните 20 години, но до денес ништо од ова не беше реализирано. Рој заврши во затвор во Индија, осомничен за измама на 30 милиони граѓани, за вкупна сума од 4,5 милијарди евра.
Слично
