Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сахара доаѓа во Европа: Силни ветрови во наредните денови донесуваат песок

Сахара доаѓа во Европа: Силни ветрови во наредните денови донесуваат песок

Големи количини песок од Сахара преку Медитеранот со јужни ветрови ќе стигнат во западна и централна Европа во наредните неколку дена.

На мапата објавена на порталот  severe-weather.eu може да се види дека песокот и прашина од Сахара ќе стигнат и во соседството.

Сахарската прашина прво ќе помине низ Италија, пред се низ Корзика, а потоа Швајцарија, делови од Франција, Белгија , Холандија и Луксембруг, се до Велика Британија.


Струите од северна Африка секоја пролет донесуваат сахарски песок во нашите краеви, само што неговата концентрација некогаш е поголема , а некогаш помала.

Афричкиот песок паѓа по нас барем два три пати годишно, најчесто во пролет, а ако е за утеха, државите кои се поблиски до северна Африка многу полошо поминуваат.

Слично

Поврзани вести