Сагата со Кутревски продолжува, КХВ му порача дека не смеел да си земе награда, а да не подели дивиденда
Комисијата за хартии од вредност му возврати на Слободан Кутревски, директорот на „Пекабеско“ , дека не му дала за право да присвои 1,17 милиони евра награда како што прикажал во записникот од акционерското собрание, а при тоа да не им додели ниту денар дивиденда на сопствениците на мали удели.
Во овој случај, од КХВ им порачуваат на малите акционери дека за ваквиот преседан може слободно да го тужат првиот човек и менаџер на гигантот во македонската месна индустрија.
Според тоа, Кутревски направил недозволиво распоредување на добивката за 2018, што може да се види и од одговорот на КХВ за „Фактор“ по поплаките на сопствениците на акции кои допреа до нашиот медиум.
Слично
