Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сагата на Рој во Индија продолжува: судот не верува на Сахара!

Сагата на Рој во Индија продолжува: судот не верува на Сахара!
"Тоа е исклучително тешко да се поверува. Ние ќе ја прифатиме изјавата веднаш, ако докажете писмено, пред пред Sebi, SAT или во Врховниот суд, дека уште на почетокот ова сте го мислеле", рекоа судиите Радакришна иКерар, во однос на тврдењето на одбраната на Сахара дека ќе ги рефундираат парите. Судиите останаа недоволно убедени во аргументите на одбраната и изјавата на Рам Џетмалани, кој рече дека не постои непослушност од нивна страна, туку за проблемите на својот клиент Рој ги обвини банките кои одбиле да им дадат кредит за да ги вратат парите. Судскиот процес продолжува на 26. август годинава.
Од двете фирми на Рој „Сахара Индија Недвижнини“ и „Сахара Домување Инвестиции“ се бара рефундирање на 4,4 милјарди евра, собрани од речиси 30 милиони инвеститори  преку обврзници.  Врховниот суд на Индија ги замрзна сметките на бизнисменот Рој затоа што преку неговите компании се измамени неколку милиони граѓани. Судот ја задолжи компанијата да го врати долгот со камата, на рати во рок од три месеци,  но во предвидениот рок компанијата платила само една рата. Бизнисменот Рој најави големи инвестиции и во Македонија и на последната негова посета на нашата земја пред некое време изјави дека се што ветил ќе биде исполнето, без разлика на судскиот случај во Индија.
   
Слично

Поврзани вести