Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сафет Бишевац: Повлекување на аболицијата, клучен чекор за излез од кризата

Сафет Бишевац: Повлекување на аболицијата, клучен чекор за излез од кризата

Фактор ви ги пренесува ставовите на македонските новинари и јавни личности во однос на начините на решавање на политичката криза.

Сафет Бишевац - Новинар, поранешен пратеник

Повлекувањето на идиотската одлука за амнестија на криминалната врхушка на владеачката ВМРО ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, е клучниот чекор за излез од егзистенцијалната криза во која се најдовме..Неминовната оставка на претседателот Иванов кој веќе ниту политички ниту морално не ја заслужува функцијата е предуслов за вракање на довербата на граѓаните во можноста за повторна изградба на институциите на државата..Тоа пак, подрзабира, Собранието на РМ во најкус можен рок да ја поништи одлуката за одржување на изборите на 5 јуни, нивно одлагање за период не помал од 6 ниту поголем од 12 месеци, во текот на кои ќе треба да се завршат сите работи предвидени со договорот од Пржино, како што се избирачкиот список и медиумите..Неопходна е промена на изборниот модел, со која ќе мора да се соочат и партиите од власта и партиите од опозицијата..Македонија да биде една изборна единица, при што помалубројните етнички заедници во државата да имаат гарантирани места во Парламентот, со што ќе се овозможи нивна репрезентативна политичка застапеност..Паралелно, неопходно е формирање на специјален суд или судско оделение кое ќе суди само во  случаите кои ги покренува Специјалното јавно обвинителство, за да се спречи политичката контрола врз судството..Не смее да се дозволи, изборите да бидат покритие за очигледниот криминал на владеачката елита, туку мораат да бидат шанса за нов почеток за сите, и победниците и победените..Во спротивно ќе мора, 5 багери на чело на колони од неколку илјади луѓе, кои од 5 градови ќе тргнат кон Скопје на средба со сопствената судбина ..

Слично

Поврзани вести