Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сафе Инвест Македонија АД Скопје ќе издаде втора емисија на акции по пат на приватна понуда

Сафе Инвест Македонија АД Скопје ќе издаде втора емисија на акции по пат на приватна понуда

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на САФЕ ИНВЕСТ МАКЕДОНИЈА АД Скопје  му  одобри  да  издаде  втора емисија на акции по пат на приватна понуда.

Како што информираат денеска од КХВ, со втората емисија, САФЕ ИНВЕСТ МАКЕДОНИЈА АД Скопје ќе издаде 3.500 обични акции со номинална вредност од 10 евра по акција, која истовремено претставува и продажна вредност по акција.

- Вкупниот износ на емисијата е 35.000 евра. Акциите од втората емисија се наменети за познатиот купувач - Друштво за ревизија, процена и финансиски консалтинг АТМ Ревизија Славица ДООЕЛ Скопје. Согласно Одлуката за зголемување на основната главнина на САФЕ ИНВЕСТ МАКЕДОНИЈА АД Скопје, емисијата се врши заради исполнување услов за добивање лиценца од Агенцијата за супервизија на осигурување за вршење на осигурително брокерски работи, се вели во соопштението од КХВ.

Слично

Поврзани вести