Саем за вработување во Источна Македонија: Шанса за нови работни места и во Кочани
Кочани, денес беше домаќин на новиоткараван Саеми за вработување, кои се во организација на Агенцијата за Вработување на Република Македонија. Кочанчани и заинтересирани посетители на денешниот саем и од околните населени места, имаа можност подобро да се запознаат со понудата за нови вработувања кои ја понудија компаниите учеснички и да поразговараат со дел од одговорните лица на компаниите кои се претставија на саемот. Потенцијалните работодавачи веќе добија значителен број на резимеа, а истите го изјавија своето задоволство за оваа караванска активност, која досега посети 4 градови во државата.
„Кочани не е еден од најголемите градови во Македонија, а сепак евидентен е големиот и завиден број на присутните граѓани кои се решија да го посетат денешниот саем и да поразговараат на поразличен начин со своите можни и идни работодавачи. Учествуваат голем број на компании како од Кочанскиот така и од околните региони. Има посетители од сите возрасти, но најмногу за поздрав е еланот и заинтересираноста на младите студенти кои во својата последна етапа од основното факултетско образование активно ја бараат својата шанса за осигурување на своето идно работно место. Јас ги повикувам сите млади невработени лица и во другите градови во Македонија, да ја искористат оваа можност и да ги посетат претстојните саеми за вработување каде освен штандовите на компаниите учеснички можат да ја посетат и „Средбата со Млади“ која се организира во склоп на секој саем од овој караван,“ изјави Влатко Поповски, Директор на Агенцијата за Вработување на Република Македонија
[gallery columns="4" ids="181227,181225,181220,181224"]Реализацијата на акцискиот план на вториот караван на саемите за вработување низ државата се одвива по планираното каде голем број на невработени и активни баратели на работи, меѓу кои најмногу млади лица, веќе го пронајдоа своето ново работно место. Вториот караван на саемите за вработување се уникатна можност за да се зголеми квалитетот и бројот на кадарот како работна сила за сите заинтерсирани работодавачи кои учествуваат во овие саеми.
Граѓаните ја искажаа поддршката за предноста на овој начин на запознавање со компаниите.
[gallery columns="4" ids="181226,181223,181221,181222"]„Разговарав со неколку компании, кои се успешни во овој регион. Нивните претставници на штандовите ми ги објаснија принципите на својата работа и ми ги кажаа нивните очекувања за сите нивни идни и можни вработени. Јас оставив свое CV кај неколку. Се надевам дека барем еден од нив ќе ми се јави. Ќе видиме. Се надевам овој саем ќе донесе убави нови вести за мене и за многу други невработени во Кочани.”, изјави Трајко М., невработен граѓанин од Кочани.
Следниот 5ти саем за вработување од овој караван ќе се одржи наредната среда во Радовиш на 28 ми октомври.
