Економија, финансии, бизнис

Контакт

САЕМ: Што ве интересира за проектот „Купи куќа, купи стан“?

САЕМ: Што ве интересира за проектот „Купи куќа, купи стан“?
Банки, осигурителни компании, градежни компании и Министерството за финансии на саем во Скопје Сити Мол од денеска до 28 октомври го презентираат проектот „Купи куќа, купи стан“. Саемот е наменет како место на кое граѓаните можат да ги постават сите прашања и дилеми во врска со владиниот проект за субвенционирани станбени кредити - за условите, начинот на добивање на кредитите и понудата на станови кои влегуваат во проектот. Ванчо Чифлиганец, првиот човек на "Адора инженеринг", вели дека ова е еден од најповолните проекти, кој го раздвижил прометот на недвижности, а придонел и за намалување на цената на становите. Досега "Адора инженеринг" продала 40 станови преку овој проект. Според Цветко Грозданов, директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, кај граѓаните постои интерес за проектот. Од 500 стана продадени од ова претпријатие, 20-30% се преку овој проект, вели тој и додава дека се надева бројот уште повеќе да се зголеми. На саемот изложуваат и компании за мебел и бела техника, кои нудат попусти за опремување на нов дом. Проектот „Купи куќа, купи стан“ првпат беше промовиран во јануари 2012 година, а досега неколкупати се продолжува, но и се менуваат условите за субвенционираните кредити.
Слично

Поврзани вести