Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД жали за загубата на човечки животи

САД жали за загубата на човечки животи
Иако се уште не се знае колкав е бројот на жртвите во акцијата на полицијата утрово во Куманово, странските диплматски претставништва веќе изразија сочувство. „Длабоко жалиме за загубите на човечки животи во врска со акциите во и околу Куманово и го изразуваме нашето сочувство кон семејствата на загинатите полицајци и граѓани, како и кон оние кои се повредени. Ја следиме состојбата и сме во постојан контакт со властите и со политичките лидери. Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да дозволат утврдување на фактите“, соопшти амбасадата на САД во Скопје, јави Дојче Веле. Денеска се огласи и Делегацијата на ЕУ во Скопје. „Внимателно ги следиме извештаите за полициската операција што е во тек во Куманово, во која има размена на оган. Остануваме во постојан контакт со властите и со политичките партии. Силно апелираме до граѓаните и до политичките фактори да останат смирени и да ги почекаат фактите кои треба да бидат соопштени од релевантните институции. Се надеваме дека ескалацијата на тензиите може да биде избегната“, соопшти делегацијата на ЕУ, по престрелките во Куманово меѓу безбедносните сили и припадниците на непозната вооружена терористичка група.
Слично

Поврзани вести