Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД започна да доставува гас за Европа

САД започна да доставува гас за Европа

САД започна да доставува гас за Европа.

Првиот танкер за течен природен гас веќе тргнал од Луизијана до Португалија, соопшти Wall Street Journal.

Се очекува Танкерот да пристигне кон крајот на април. Американскиот гас може сериозно да го раздвижи европскиот пазар, на кој до сега доминира Русија.

САД почнаа да извезуваат гас во февруари, кога компанијата „Cheniere Energy“ ги оствари првите испораки до Бразил. Потоа компанијата потпишала долгорочни договори со голем број европски земји.

Се очекува Европа да стане значаен пазар за американскиот гас, додава весникот.

Во моментов Русија испорачува околу една третина од гасот во Европа. Големи провајдери имаат исто Норвешка, Алжир и Блискиот Исток.

Според првичните проценки американскиот гас ќе се продава и поевтино од рускиот - 4,3 долари за милион британски термални единици за американскиот гас против 5,8 долари за милион британски термални единици на рускиот.

Слично

Поврзани вести