САД замрзна 640 милиони долари на руски банки
Властите во САД ги замрзнаа средствата на две руски банки со вкупен износ од 640 милиони долари, пренесува „Волстрит Журнал“.
Имено, во американската сметка на банката „Русија“ се блокирани 572 милиони долари, соопштија американските власти.
Збирот претставува 10% од сите средства на финансиска институција, според податоците од 2013 година.
Блокирани се сметките и на „СМП-банк“, во кои се наоѓаат околу 65 милиони долари. И двете банки се вклучени во листата на санкции на САД.
Слично
