Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД забранија трговска размена со Крим

САД забранија трговска размена со Крим
По само еден ден откако Европската унија воведе санкции за Москва, Соединетите Американски држави воведоа економски бојкот и забрана за секаква трговска размена со Крим. „Повторно ја повикувам Русија да ја прекине окупацијата и обидот за анексија на Крим и да престане да дава поддршка за сепаратистите на истокот во Украина“, изјави во петокот претседателот на САД, Барак Обама. Претставниците на Киев и проруските сепаратисти синоќа не успеаа да постигнат договор за датум за отпочнување состанок на кој би требало да биде покренат мировен процес и со тоа да се стави крај на конфликтот во источна Украина, во кој до сега настрадаа повеќе од 4.700 лица. Вчера и Канада воведе нови санкции за Москва со кои во оваа земја се забранува влез на околу 20 лица од Русија. Покрај тоа, воведени се и ограничувања за извоз во Русија. Канадскиот премиер, Стефан Харпер, рекол дека режимот на рускиот претседател Владимир Путин, го крши територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. „Канада нема да прифати нелегална окупација на Крим“, РЕКОЛ Харпер. Официјална Москва соопштила дека по најновите мерки на Западот ќе одговори со силна порака.
Слично

Поврзани вести