Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД воведоа санкции кон Иран поради кибер нападот врз Албанија

САД воведоа санкции кон Иран поради кибер нападот врз Албанија



САД објави санкции против иранското Министерство за разузнавање и безбедност и ресорниот министер Есмаил Хатиб поради извршениот кибер напад врз Албанија.

Американското Министерство за финансии соопшти дека иранската разузнавачка служба учествува во кибер активности против САД и нивните сојузници.

Албанија веќе ги прекина дипломатските врски со Иран поради кибер нападот во јули и им нареди на иранските дипломати и персоналот на амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа.

Иранското Министерство за разузнавање и безбедност, според САД,  управува со неколку мрежи за кибер закани, вклучително и оние кои се вклучени во сајбер шпионажа и хакерски напади.

„Иранскиот кибер напад врз Албанија ги занемарува нормите на одговорно однесување на мирновременски држави во кибер просторот“, гласи последната изјава на заменик-секретар за финансии Брајан Нелсон. 


Слично

Поврзани вести