САД веќе обучуваат сириски бунтовници во Турција
САД почнаа да обучуваат бунтовници од сириската опозиција во Турција, во обид да ги подготват за борба против „Исламска држава“, објави американски извор, цитиран од „Ројтерс“.
Пред околу една недела беше дадено заелено светло за почеток на програмата во Јордан.
Американскиот претставник не откри колку Сиријци се обучувани или кога почнале тренинзите.
Пентагон одби да даде коментар.
Вашингтон се надева дека ќе бидат подготвени околу 5 илјади сириски борци за оваа година. Според администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама бунтовниците ќе бидат искористени само за борба против „Исламска држава“. Претставници на американскиот Конгрес не веруваат дека целта ќе биде постигната.
САД подготвуваат Сиријци исто во Саудиска Арабија и Катар.
