САД: Ваков пад никој не очекуваше
Американската економија во првиот квартал, на годишно ниво, потона за 2,9% поради суровата зима, што е најголемиот застој на американската економија во последните пет години.
Таков пад во економијата е многу полош од првичните проценки на Министерството, кој предвидуваше забавување на еден отсто на годишно ниво, пренесува новинската агенција АП.
Најновите резултати се последица на забавен раст на личната потрошувачка и повисок трговски дефицит.
И покрај падот на економскиот раст во првиот квартал, многу аналитичари се уште веруваат дека американската економија ќе расте со силно темпо и дека во тековниот втор квартал раст ќе се приближи до четири проценти.
Слично
