САД управува со приходите: Венецуела ќе мора да праша за расходите
Соединетите Американски Држави(САД) објавија дека ги вратиле сите 500 милиони долари на венецуелската влада од првичната продажба на нафта, што беше дел од договорот постигнат меѓу Вашингтон и Каракас минатиот месец.
Американски функционер, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека последните 200 милиони долари биле префрлени во Венецуела, со што е завршен трансферот на средствата, објави Ројтерс.
Функционерот изјави дека Венецуела официјално го добила целиот износ од првата продажба на нафта.
Тој додаде дека средствата ќе бидат исплатени „во корист на венецуелскиот народ по дискреционо право на американската влада“.
Договорот за продажба на нафта беше постигнат по настаните од 3 јануари, кога венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше заробен при американската воена операција.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела за време на сведочењето на Капитол Хил изјави дека учеството на САД во продажбата на венецуелска нафта е краткорочна мерка насочена кон стабилизирање на земјата, функционирање на владата и помагање на населението, со цел да се избегне системски колапс.