Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД троши над 8 милиони евра дневно за борбите против Исламска Држава!

САД троши над 8 милиони евра дневно за борбите против Исламска Држава!
Напорите на армијата на САД против групата "Исламска држава" досега ја чинеле речиси 1 милијарда долари и веројатно ќе достигнат износ меѓу 2,4 и 3,8 милијарди долари годишно, ако офанзивата по земја и воздух продолжи како сегашната стапка, покажува анализа на невладина организација. Тоа би било над 8 милиони евра на дневна основа. Сепак Центарот за стратегиски и буџетски проценки предвидвидува дека трошоците може да се зголемуваат до 13 - 22 милијарди долари годишно, ако воените дејствија бидат засилени. Идните трошоци зависат во голема мера од тоа колку долго ќе продолжат операциите, колку е стабилно нивото на воздушните напади и дали ќе бидат распоредени дополнителни копнени сили надвор од она што е веќе планирано ", се наведува во анализата. Ако воздушните операции продолжуваат умерено, а распоредените копнени сили останат во опсег од 2.000 војници, цената на воените напори на САД против исламистичката група најверојатно ќе биде помеѓу 200 и 320 милиони долари месечно, се вели во извештајот. Минатата недела, американскиот министер за одбрана Чак Хејгл пред новинарите изјави дека трошоците на Пентагон за операциите против "Исламска држава" се грубо помеѓу 7 и 10 милиони долари дневно, почнувајќи од 16 јуни, кога САД распоредија свои воени сили, за да ја следат работата на ирачката армија и да ги советуваат своите команданти. САД почнаа воздушни напади против милитантите на "Исламска држава" во Ирак на 8 август, а на 22 септември ги распоредиа и кон Сирија. До овој момент коалициските сили извршиле 290 воздушни напади во Ирак и Сирија, од кои армијата на САД спровела 265 удари. K.K.
Слично

Поврзани вести