Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД со загуби од 9,7 милијарди долари од инвестициите во General Motors

САД со загуби од 9,7 милијарди долари од инвестициите во General Motors
Американските даночни обврзници досега загубија 9,7 милијарди долари во инвестиции , направени од страна на владата на САД во автомобилскиот производител General Motors , спасен од банкрот во 2009 година. Ова станува јасно од последните проценки на Министерството за финансии ,  пренесува АФП . Владата на САД им помага на гиганти на автомобилската индустрија во рамките на спасувачки план во вредност од 49,5 милијарди долари - дел од програмата наречена ТАРП ( Trouble Asset Relief Program ) за проблематичните банкарски сектори и автомобилската индустрија во неволја . Министерството за финансии му обезбеди кредит на GM , трансформиран потоа како удели во износ од околу 60 % во акции на автомобилски производител број 1 во САД , но загрозен од банкрот. Оттогаш Министерството за финансии ги продаде акциите на неколку делови , а на крајот на 2012 година посочи дека има намера да се ослободи од нив целосно во рамките на 12 до 15 месеци , потсетуваат БГНЕС . Според податоците објавени во вторникот на интернет страницата на Министерството за финансии , државата досега изгубила 9,7 милијарди американски долари од инвестициите во GM . Акциите на автопроизводителот чинеа во тоа време 43.52 долари во готово. Во септември , пред следниот круг од продажба на хартии од вредност, износот на државното учество во компанијата беше уште 7.3 % . Во вторникот , малку пред крајот на сесијата , акција на GM чинеше 36.03 долари.  
Слично

Поврзани вести