Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД со предупредување за Косово од можни напади

САД со предупредување за Косово од можни напади

Амбасадата на САД во Косово го подигна степенот на алармираност и упати предупредување до сите американски државјани на територија на Косово да внимаваат на својата безбедност, да избегнуваат присуство на големи собири и фрекфентни локации, во страв дека се можни судири или пак терористички напади. 

Американската амбасада засега не прецизира дали предупредувањето за заоснова на информации добиени од разузнавачките служби за можни напади на радикални елементи. Сепак, поверојатно е дека предупредувањето до американските државјани доаѓа поради влошување на политичката состојба на Косово што може да предизвика зголемени ризици по безбедноста, а особено во пресрет на велигденските празници. 

На сајтот на Амбасадара на САД во Приштина стои дека американските државјани би требало да бидат вимателни за време на настаните поврзани со чествувањето на православниот и католичкиот Велигден.

Во предупредувањето се нагласува дека екстремистите продолжуваат да се фокусираат на туристички локации, трговски центри, барови, верски објекти и други, како што велат, полесни мети. Се наведува дека предупредувањето на наведените места е исклучително важно.

На Американците кои доаѓаат на Косово или веќе се таму, им се советува да не се истакнуваат во јавност и да не привлекуваат внимание, да ја променат рутата на двужење за да останат незабележани од криминалците и терористите, а кога се на јавно место да обратат внимание на излезите во случај на опасност и службите за безбедност.

Американската амбасада го издава предупредувањето откако во Митровица имаше брутална акција на косовските вооружени сили за апсење на српскиот политичар Марко Ѓуриќ при што со употреба на прекумерна сила беа повредени и десетина граѓани собрани на дебата во градската сала.

Слично

Поврзани вести