Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД се уште ги чека доказите за злосторствата на Ѓулен

САД се уште ги чека доказите за злосторствата на Ѓулен

Анкара уште не му обезбедила на Вашингтон докази за вмешаноста на опозиционерот Фетхулах Ѓулен во обидот за државен удар на 15 јули, пишува Bloomberg.

Агенцијата се повикува на анонимен претставник на американската администрација, кој даде брифинг вчера за некои американски новинари во пресрет на посетата на потпретседателот Џо Бајден во Турција.

75-годишниот Ѓулен живее во САД од 1999 година. Турција уште не му обезбедила на Министерството за правда на САД официјални сведочења дека Ѓулен бил вмешан во обидот за преврат, истакна претставникот.

Во претставените документи  од Турција на САД акцентот е ставен „на наводна подготовка на заговор од Ѓулен и криминално однесување пред превратот“, се вели во пораката на Bloomberg.

Во исто време американското Министерство ќе испрати во наредните денови во Турција група експерти за истражување на прашањето за екстрадиција на Ѓулен .

Слично

Поврзани вести