Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД: Протести и во трговските центри

САД: Протести и во трговските центри

Демонстрантите на првиот ден од големите распродажби во Сент Луис протестираа во  трговските центри поради тоа што полицаецот кој го уби Мајкл Браун не е обвинет.

И во многу други градови во САД биле планирани протести по трговските центри, но излезеноста била слаба, а протестите кратки освен во Чикаго, каде околу 200 лица се собрале во близина на трговксиот квартал „Магнифисент Малј“.

Во Бруклин бил планиран протестен марш под слоганот „Раце горе. Немој да купуваш“!. но ниеден демонстрант не се појавил.

Во Манчестер, во предградието на Сент Луис, полицијата (составена претежно од белци) предупредила дваесеттина (воглавно црнци) демонстранти дека мораат да се повлечат барем 50 чекори од влегувањето во стоковната куќа Волмарт, а потоа со фронтално напредување ги потиснала до блискиот паркинг. Демонстрантите скандирале „без правда, без мир,  расистичка полиција“ (што на англиски јазик се римува).

„Сакаме навистина да му соопштиме на светот дека ова не е повеќе соработка како обично“ истакнал Куманјука, вонредниот професор на Универзитет Клемсон.

Откако во понеделникот вечерта е соопштено дека полицаецот Дарен Вилсон, кој во август го убил 18-годишниот Мајк Браун, нема да биде процесуиран, дошло до протести ширум САД.

Во Фергусон, предградието на Сент Луис каде се случи убиството, после соопштувањето на одлуката на судот запалени се повеќе згради и автомобили, а над десетина демонстранти се успасени, додека во наредните денови протестите биле се помирни.

Слично

Поврзани вести