Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД повторно ги активираат санкциите за руската нафта - што вели Москва?

САД повторно ги активираат санкциите за руската нафта - што вели Москва?

САД повторно „удираат“ по руската нафта, a Москва вели дека била подготвена. 

САД повторно ги активираат санкциите за руската нафта, откако администрацијата во Вашингтон одлучи да не ја продолжи привремената отстапка што им дозволуваше на купувачите да тргуваат со руска нафта која веќе била на море. Москва веднаш реагираше, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека ваквиот потег бил очекуван и дека Русија со години живее под санкции и научила како да го намали нивниот ефект.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент на 15 април изјави дека САД нема да ја продолжат отстапката ниту за руската, ниту за иранската нафта. Станува збор за привремена мерка воведена во март, кога Вашингтон се обиде да спречи дополнителен раст на глобалните цени на енергенсите по ескалацијата на војната на Блискиот Исток. 

Кремљ денеска се обиде да го намали значењето на одлуката. Песков изјави дека Русија веќе изградила механизми за адаптација и дека ќе продолжи да го прави тоа и понатаму. Со тоа Москва испраќа порака дека не очекува новиот потег на Вашингтон драматично да ја смени нејзината позиција на нафтениот пазар, иако санкциите повторно го стегаат просторот за продажба и транспорт.

Слично

Поврзани вести