Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД повеќе немаат каде да ја складираат нафтата, можен нов пад на цената?!

САД повеќе немаат каде да ја складираат нафтата, можен нов пад на цената?!

САД имаат толку сирова нафта што им недостасува простор за нејзино складирање, а тоа во наредните месеци би можело дополнително да ја урне цената на нафтата и бензинот, наведуваат аналитичарите.

Во изминативе недели, САД произведувале и увезувале во просек милион барели нафта дневно повеќе отколку што трошеле.

Таа вишок нафта се складира во резервоарите, пред се во најголемиот центар во Кушингов, Оклахома, што доведе да американските нафтени резерви достигнат највисоко ниво во последните 80 години.

Доколку ваквиот развој на состојбата продолжи, резервоарите би можеле да се приближат до оперативниот лимит веќе во средината на април, што би довело до потонување на цената на нафтата и гасот.

„Факт е дека во САД ни недостасува капацитет за складирање на нафта“, рекол шефот на одделението за истражување на нафта во Ситибанк Ед Морс, додавајќи дека нафтата би можела да поефтини и на 20 долари во однос на сегашните 50.

Просечната цена на бензинот во САД е 2,44 долари за галон (64 центи за литар) што е 1,02 долари по галон (27 центи по литар) поефтина отколку во истиот период во 2014, но и 37 центи (10 центи по литар) помалку отколку минатиот месец.

Слично

Поврзани вести