Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД: Отворени 225 000 работни места, платите скокнале

САД: Отворени 225 000 работни места, платите скокнале
Во САД во јули се отворени повеќе работни места од очекуваните а платите скокнале. Тоа ја зголемува надежта во забрзување на економскиот раст и ги подига шансите за зголемување на каматните стапки во САД, оценува Ројтерс. Минатиот месец во економијата на САД се отворени 255 000 работни места после отворањето на 292 000 работни места во јуни, соопшти американското Министерство за работа. Стапката на невработеност се задржала на 4,9 отсто, бидејќи повеќе луѓе влегле на пазарот на труд, додека просечните заработки по час се зголемиле за здрави осум центи. Податоците за вработување во мај се ревидирани најмногу, на 24 000 од претходно соопштените 10 000. Економистите кои и анкетирал Ројтерс предвидувале отворање на 180 000 работни места во јули и пад на стапката на невработеност на 4,8 отсто. Вториот месец на силно темпо на вработување, како што оценува британската агенција, претставува поттик за економијата, после просечната годишна стапка на раст на БДП од 1,0 отсто во изминатите три тромесечија.    
Слично

Поврзани вести