САД: Оставките во Македонија се позитивен знак
Американската амбасада во Република Македонија го оцени позитивно отстранувањето на неколку клучни министри и на шефот на тајната полиција од Владата на Никола Груевски.
„Оставките на повисоките владини претставници се позитивен чекор за решавање на политичката криза и развојот на Македонија“, се вели во коментар на дипломатската мисија.
„Од голема важност е лидерите во Македонија да создадат услови да бидат испитани сите можни злоупотреби во управувањето на државата и да ги преземат неопходните чекори за реформирање на демократските институции и процеси во Републиката. Како пријател на Република Македонија САД се подготвени да помогнат во овие процеси“, се вели во пораката.
Слично
