САД нема да увезува руска нафта, Бајден вели нема да ја субвенционираат војната на Путин
САД забранија увоз на нафта од Русија.
САД го направија првиот чекор кон целосна забрана на увоз на енергенси од Русија, а Европа размислува како да ја намали зависноста од рускиот гас и нафта во екот на војната во Украина.
„Нема да ја субвенционираме војната на Путин“, соопшти Бајден.
Рече дека одлуката ќе биде „тежок удар“ за способноста на Кремљ да ја финансира војната. Тој вели дека и Американците ќе мораат да плаќаат повисока цена за горивото. Цените на нафтата, по одлуката на Бајден да забрани увоз на руска нафта, забележаа раст. Барел американска лесна нафта денеска се тргуваше за 127,21 долари, што е зголемување за 7,91 долари во споредба со вчера.
За нешто повеќе од месец дена, можно е Русија да доживее банкрот.
