Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД нема да му го предадат Ѓулен на Турција?

САД нема да му го предадат Ѓулен на Турција?

Американската администрација не планира да и го предаде на Турција проповедникот Фетхуллах Ѓулен, кој е обвинет од страна на претседателот Реџеп Ердоган во организирањето на неуспешниот државен удар од ноќта на 15 наспроти 16 јули.

Ова го пишува „The Wall Street Journal“, повикувајќи се на извори запознаени со прашањето.

Официјалните турски и американски лица разговарале во приватни разговори за различни сценарија во однос на екстрадицијата на Ѓулен, но Анкара се уште не успеа да го убеди Вашингтон, пишува весникот.

Колку повеќе турските власти, вклучително и претседателот Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим, зборуваат за улогата на проповедникот во обидот за преврат, толку помала е веројатноста тој да биде екстрадиран.

Изјавите на Анкара предизвикуваат прашања и не тераат да се сомневаме во тоа дека случајот ќе биде спроведен чесно, забележуваат изворите на WSJ.

Конечната одлука за екстрадиција на Ѓулен не е донесена, преговорите можат да лебдеат неколку месеци. Некои од соговорниците на WSJ директно велат дека не можат да замислат варијанта, во која проповедникот ќе и биде предаден на Анкара.

Во ноќта на 15 наспроти 16 јули група воени лица се обидоа да извршат воен удар. Во Анкара и Истанбул имаше судири меѓу противници и приврзаници на претседателот Ердоган, кои завршија со победа на последните. При пучот загинаа 246 лица, а над 2000 беа повредени.

Откако ја поврати контролата врз целата земја во деновите по ударот турскиот претседател започна масовна чистка во армијата, полицијата, судството и образовниот систем, беа затворени голем број медиуми.

Десетици илјади луѓе се отпуштени, а илјадници остануваат во притвор. Ердоган го обвини за пучот својот поранешен сојузник Фетхуллах Ѓулен и неговото движење „Хизмет“.

Слично

Поврзани вести