САД не сака воени злосторници во косовската Влада
САД не сака воени злосторници во Владата на Косово.
Амбасадата на САД во Приштина изрази загриженост по одлуката на приштинската влада за назначување поединци осудени за воени злосторства на водечки позиции.
„Именувањето на овие неквалификувани поединци ја поткопува довербата којашто сака да ја изгради Косово и ја оставаат земјата без можност да има квалификувани лица на соодветни позиции. Истовремено тоа е срамота за жртвите на злосторствата од минатото“, се наведува во соопштението.
Агенцијата „Спутник“, повикувајќи се на извори од „Газета Експрес“, наведува дека амбасадорот Филип Коснет и претходно порача дека на осудениците за воени злосторства не им е место во косовската влада.
Слично
