Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД не го одобруваат „Турскиот поток“ да минува низ Грција

САД не го одобруваат „Турскиот поток“ да минува низ Грција

Специјалниот амбасадор на американскиот Стејт департмент за меѓународните енергетски прашања Амос Хокстаин на преговорите во Атина отворено изјавил дека САД се против усвојувањето на нов гасовод наместо „Јужен поток“ за испорака на руски гас за Европа, соопштува министерот за животна средина и енергетика на Грција Панајотис Лафазанис во интервју за весникот „Прото тема“.

Според него Владата на Грција го поддржува безрезервно преминот низ грчка територија на гасоводот за испорака на руски гас, со што и двете страни преземале и продолжуваат да преземат чекори за да го остварат овој проект.

„Се разбира, САД не го сакаат овој гасовод што искрено и директно ми објасни Хокстаин за време на нашиот неодамнешен состанок“, изјавил Лафазанис.

Амбасадата на САД во Атина објави предходно порака, според која „САД се загрижени од тоа дека учеството на Грција во преминувањето на гасоводот „Турски поток“ во земјата нема да ја зголеми диверзификација, а може да стане предмет на загриженост на надлежните органи од ЕУ и да не е долгорочно решение на енергетските потреби на Грција“.

Наместо гасовод во вредност од 2 милијарди евра за испорака на 47 милијарди кубни метри природен гас, Владата на САД нуди „поддршка на енергетската диверзификација на Грција, вклучувајќи и одржување на клучниот инфраструктурен проект за испорака на природен гас за Трансадриатическиот гасовод (Тар) интерконектор Грција -Бугарија (IGB) и продолжување на користењето а течен природен гас“.

На крајот на минатата недела Русија го објави започнувањето на изградбата на „Турски поток“.

Слично

Поврзани вести